Новиот Центар за советување “Инфо Бебе” отвори Институтот за јавно здравје.Тој е “ наменет да им помогне на жените на патот кон здрава бременост, мајчинство и грижа за бебето.
-Сакаме да Ви помогнеме на патот кон здрава бременост, мајчинство и грижа на бебето. Нудиме совети за здрава исхрана, здрави животни навики, хигиена и грижа за бебиња и правилно доење, објави ИЈЗ.
Линијата за поддршка е активна секој вторник и четврток од 11 до 13 часот.
– За совет или помош јавете се на: 078 285 613, наведе ИЈЗ.