Инцидент во Собрание: Апасиев со слушалки го гаѓаше Јованчев

Инцидент се случи во денешната работа на македонското Собрание. На седницата посветена на пратеничките прашања пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев најпрвин влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, а потоа фрли и слушалки накај него и се обиде физички да се пресмета.

Апасиев видно изнервиран извикуваше до Јованчев да не му се повтори да го споменува неговото семејство.

Интервенираше и собраниското обезбедување. Во исто време и пратеникот од Левица, Борислав Крмов, со пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Велјановски, за малку не си разменија тупаници.

Собранискиот спикер Африм Гаши со цел да ја смири ситуацијата даде пауза и го повика собраниското обезбедување да интервенира.

Инцидентот започна кога пратеникот Реџеп Исмаил од Левица постави пратеничко прашање до премиерот Христијан Мицкоски, иако тоа претходно не било најавено писмено, како што налага Деловникот.

Претходна вестДефинирани мерките доколку загадувањето на воздухот го надмине прагот: Контрола на испусните гасови, намалена употреба на службени автомобили…
Следна вестТешко повреден велешки основец кој бил давен и удиран во глава од соученик