Темно Режим Светло Режим

Изгаснат е пожарот во скопски Бутел, огнот го зафати и кровот на соседната барака

Изгаснат е пожарот што ја зафати кровната конструкција на барака во скопската населба Бутел 1, информираат од противпожарната единица на Град Скопје, пренесува новинската агенција МИА.

Од пожарот, според информациите од терен, е опожарен и дел од кровот на соседната барака.

Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје соопштија дека пожарот го гаснеле 15 пожарникари со пет противпожарни возила.

Сѐ уште не се познати причините за пожарот.

Проценките за причинета материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Вработен во Национални шуми со години добивал по 200 евра месечно за да не врши контрола

Следниот Пост

Мицкоски: Ме загрижува што Ахмети и ДУИ се фактор на нестабилност