Темен режим Режим на светлина

Фрлена бомба во имот поврзан со Здравко Чолиќ

Српските медиуми објавија дека синоќа била фрлена бомба во куќата на познатиот пејач Здравко Чолиќ во Белград. Инцидентот предизвикал силна експлозија, по што полицијата веднаш реагирала и ги блокирала сите приоди кон објектот.

Според информации на Telegraf.rs, на лице место интервенирале припадници на Министерството за внатрешни работи, како и дежурен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград, кој раководел со истрагата. Форензичките екипи извршиле увид и собирале материјални докази, додека паралелно се анализираат и снимките од безбедносните камери во околината, со цел да се утврди идентитетот на сторителот.

Според првичните информации, во експлозијата нема повредени лица, но објектот претрпел значителна материјална штета. Неофицијално, Чолиќ не бил присутен во куќата во моментот на инцидентот.

Станува збор за имот кој се наоѓа во белградската населба Дедиње, а истрагата продолжува со цел целосно расветлување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ќе се доградуваат недовршените згради кај Ректоратот на УКИМ

Следна објава
Биткоинот со раст: Достигна 68.879 евра на Binance

Поранешен млин користен за нелегално копање биткоини, приклучен на трафостаница