При претрес во дом на 52-годишен прилепчанец била пронајдена марихуана, добилка, вага и други предмети.. Тој бил уапсен.
– Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера го лишиле од слобода 52-годишниот Р. Р. од Прилеп, извести МВР. При претрес во неговиот дом и други простории во Прилеп, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилки, дигитална вага и други предмети, информираат од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против лицето ќе следува соодветна пријава.