Темно Режим Светло Режим

Костадинов се враќа во СДСМ: Засега без активен ангажман

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на Фејсбук соопшти дека по извесен период и донесена лична одлука го одмрзнува своето членство во СДСМ.

Тој нагласи дека останува доследен на сите свои претходни ставови и позиции за прашања од јавен интерес и дека одлуката не значи нивно менување или повлекување. Во моментов, како што истакна, не најавува активен политички ангажман, но стои на располагање на партијата со почит кон нејзините вредности и членството.

„Единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во име на секој социјалдемократ“, порача Костадинов.

Advertisement

Тој го замрзна членството во СДСМ во јули минатата година, откако претседателот на партијата, Венко Филипче, соопшти дека за градоначалник на Струмица ќе биде кандидирано друго лице.

Во објавата од тој период, Костадинов наведе дека нема да биде дел од партијата додека таа, како што рече, не се врати на своите изворни вредности. Потсети и дека во изминатите 11 години не загубил ниту едни избори, нагласувајќи дека поддршката ја добивал поради работа, доследност и поврзаност со граѓаните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Потврдени резултатите од изборите во четири општини

Следниот Пост

Науката открива: Поладна спална соба значи подобар сон и повеќе согорени калории