Во Националната опера и балет во Скопје, вечерва се одржа седумдесет и првото издание на изборот „Спортисти на годината две илјади дваесет и пет“.
На манифестацијата беа прогласени и наградени најуспешните македонски спортисти, тренери, спортски тимови и репрезентации во девет категории.
За спортистка на годината е прогласена боди-билдерката Катерина Попева, светски шампион на Мундијалот во фитнес и бодибилдинг во Санта Сусана, Шпанија. Во машка конкуренција признанието му припадна на Ален Рустемовски, кој освои сребрен медал на Европското првенство до дваесет и три години во Ереван, Ерменија.
За најуспешни во младинска конкуренција беа прогласени боксерот Адријан Рустемовски, бронзениот од Европското првенство во Ереван, и Даниела Алексовска од бразилска џиу-џицу.
Во колективните спортови, сениорските машка одбојкарска и женска ракометна репрезентација беа избрани за најдобри тимови.
Пливачот Андреј Стојаноски го доби признанието за најуспешен спортист со инвалидитет, Магомед Ибрагимов од борењето е прогласен за најдобар селектор, а најуспешна национална спортска федерација е Џудо федерацијата на Македонија.