Темно Режим Светло Режим

Министерството за правда на САД со нова масовна објава документи за Епстајн

Министерството за правда на Соединетите Американски Држави објави обемен сет документи поврзани со случајот на Џефри Епстајн, продолжувајќи го процесот на јавно обелоденување материјали од долгогодишните федерални истраги.

Американските медиуми пренесуваат дека станува збор за најголема објава досега, која вклучува истражни досиеја, службени белешки и различни архивски записи. Дел од документите се објавени во целост, додека други се делумно цензурирани, поради законски ограничувања и заштита на приватноста.

Од Министерството за правда наведуваат дека ваквата објава е дел од напорите за зголемување на транспарентноста и овозможување јавен увид во случајот кој со години е во фокусот на американската јавност и предизвикува силни политички реакции.

Advertisement

Оваа нова транша следува по претходни објави во изминатиот период, а засега нема индикации дека документите автоматски ќе резултираат со нови обвиненија. Сепак, случајот повторно ги актуелизира прашањата за институционалната одговорност и за контактите на Епстајн со моќни фигури од светот на политиката и бизнисот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Замина еден од значајните македонски книжевни автори - Тихомир Јанчовски

Следниот Пост

Временска прогноза: Дожд денеска, утре премин во снег