Темно Режим Светло Режим

МОН и граѓанската асоцијација МОСТ подготвија препораки за нови наставни програми по предметот Историја

На работен состанок помеѓу Министерството за образование и наука и граѓанската асоцијација МОСТ беше презентиран документ со препораки за изготвување на новите наставни програми по историја, соопшти денеска Министерството за образование.

-Тие се однесуваат на причините кои доведоа до започнување на втората светска војна како и случувањата непосредно пред нејзиниот почеток со акцент на потпишувањето на “Договорот Молотов-Рибентроп“, се наведува во соопштението.

Од МОН наведуваат дека документот е резултат на сорабоката помеѓу двете страни и ќе биде доставен до Бирото за развој на образованието како институција надлежна за процесот на изработка на наставни програми.

-Препораките се очекува да бидат имплементирани од страната на креаторите на наставните програми во иднина. Овој документ, како и анализите кои му претходеа, претставуваат основа за збогатување и подобрување на содржините во наставните програми по историја за основно и средно образование кои го третираат овој период, засновани на факти, се наведува во соопштението.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Мицкоски: Али Ахмети кариерата ќе ја заврши како криминалец

Следниот Пост

Косовските Срби бараат Србија да ја прогласи косовската полиција за терористичка организација