Темно Режим Светло Режим

Најнова најава за инвестиции: Две фирми би вложиле 300 милиони евра во Македонија

Странските инвестиции слабо свратуваат на патот кон Македонија иако политичарите често ги најавуваат.

Денеска добивме нова најава. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи истакна дека само во текот на оваа седмица остварил средби со две компании кои планираат инвестиции од околу 300 милиони евра.

-Имам состаноци за инвестиција од 300 милиони евра, односно за две, едната се заснова на стратешка инвестиција, а другата се заснова на странска инвестиција. Едната е комплекс на различни работи коишто се поврзани, двете се поврзани со металуршката индустрија, крајни производи во градежништвото. Едната е странска, другата е домашна инвестиција, но зборуваме за сума од 300 милиони евра, истакна  Битиќи, во емисијата „Утрински брифинг“.

Тој истакна дека нам ни требаат инвеститори, кои ќе се приклучат кон владината политика за повисоки плати и кон заштита на секое работно место.

Да се надеваме дека нема се да се заврши само со најава туку и со реализација.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Скопје во 24 часа: Во болница примени 16 нови пациенти со компликации од ковид

Следниот Пост

Водно треба да се штити со посебен закон, а не со одлуки