Темно Режим Светло Режим

Нови просторни капацитети и едносменска настава во училиштето „Страшо Пинџур“

Основното општинско училиште „Страшо Пинџур“ во општина Ѓорче Петров ќе се доградува и надградува, со што значително ќе се подобрат условите за настава и престој на учениците. Советот на Општина Ѓорче Петров едногласно донел одлука училиштето целосно да се ослободи од плаќање комуналии за реализација на проектот, со цел побрза и поефикасна изградба.

Од Општината информираат дека со оваа инвестиција ќе се обезбедат дополнителни просторни капацитети и ќе се создадат услови за изведување едносменска настава, што ќе придонесе за поквалитетен образовен процес и подобро секојдневие за учениците, наставниот кадар и родителите.

Проектот е финансиран од Министерството за образование и наука и претставува трета доградба на основно училиште на територијата на општина Ѓорче Петров што ќе се реализира во текот на оваа година.

Advertisement

Општинските власти истакнуваат дека и понатаму ќе продолжат со одговорно и стратешко инвестирање во образованието, со јасна цел – создавање квалитетни услови за учење и подобра иднина за најмладите жители на општината.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Данците повторно на европскиот трон, Германија немоќна во Хернинг

Следниот Пост

„Зелен урбан трансфер“ на ДОМ: Усје да се дислоцира без државни пари