Темно Режим Светло Режим

Од денеска официјално стартува системот „Безбеден град“

Од денеска започнува казнувањето преку електронскиот систем за сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ во Скопје, Куманово, Тетово, како и на автопатските коридори 8 и 10. Системот автоматски ќе ги евидентира најчестите прекршоци, а возачите ќе добиваат известувања за сторените прекршоци преку СМС пораки и електронска пошта.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека „Безбеден град“ постепено ќе се прошири на целата територија на државата и дека тоа треба да се реализира до средината на годината. Во изминатите денови биле спроведени тестирања во Скопје, Тетово, Куманово и Охрид, а граѓаните се повикуваат да ги ажурираат своите лични податоци на посебните шалтери во МВР или во станиците за технички преглед.

Воведувањето на системот предизвика поделени реакции во јавноста и на социјалните мрежи, но од МВР посочуваат дека примарната цел е подобрување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди.

Advertisement

Со „Безбеден град“ ќе се санкционира пречекорувањето на брзината, како во населени места така и надвор од нив, при што казните се движат од 15 до 300 евра, а за потешките прекршоци се предвидува и забрана за управување возило во траење од три до 12 месеци. Строго ќе се казнува и поминувањето на црвено светло, со глоба од 250 евра и заштитна мерка забрана за управување.

Системот ќе евидентира и непрописно запирање и паркирање, со казни од 25 до 180 евра, во зависност од локацијата и тежината на прекршокот. За возење со нерегистрирано возило или без важечка сообраќајна дозвола е предвидена казна од 500 евра, додека доколку регистрацијата е истечена до 30 дена, казната изнесува 100 евра.

Од МВР потсетуваат дека плаќањето на казната во рок од осум дена носи намалување од 50 проценти, а забраната за управување, доколку е изречена, се применува во половина од пропишаниот рок.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Преполовен е бројот на птиците во Охрид, и тие предупредуваат и бараат заштита на Езерото

Следниот Пост

Пијан возач со 2,32 промили предизвика сообраќајка во Скопје, повредени две лица