Темно Режим Светло Режим

Од полноќ поевтинуваат сите горива

Од вечерва на полноќ поевтинуваaт сите видови горива, реши денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 0,5 денари, и од утре ќе се продава по цена од 68,5 денари по литар.

ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1,5 денар, и ќе изнесува 77 денари по литар. За 1,5 денари се намалува и ЕУРОСУПЕР 98+ и ќе изнесува 77,5 денари.

Advertisement

Поевтинува и цената на мазутот, и од утре ќе се продава по 43 денари, додека екстралесното масло за домаќинство исто така поевтинува за 1 денар, и од утре ќе изнесува 68 денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Со автомобил удрил во бетонски ѕид, повредени две лица

Следниот Пост

Двајца поранешни полициски инспектори и уште едно лице оддавале службени тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“