Темно Режим Светло Режим

Охридското езеро е полно со вода, но што со Преспанското – ќе се најде ли решение за него во 2026 година?

Обилните дождовите од пред извесно време го поднаполнија Охридското Езеро. Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на водата во езерото се наоѓа на котата 693,39 метри надморска височина што е седум сантиметри над просекот за овој период од годината.

Ова е добра вест особено ако се знае дека само пред еден месец нивото на водата во езерото беше под просекот.

Но, какви вести ни стасуваат од другиот македонски бисер – Преспанското езеро?
Таму ситуацијата е критична, иако дождот го полнеше и тој природен басен. Водата во езерото е на загрижувачко ниско ниво и така е долг период.

Долг период и надлежните ветуваат дека ќе најдат решение за да го сопрат исчезнувањето на езерото. Неодамна водена од желбата за заштита на Езеро, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети општината Ресен. Таа, но и другите надлежни институции се на потег во 2026 година посериозно да се зафатат со решавање на проблемот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Австралија ја дочека Новата година со огномет и сеќавање на жртвите од сиднејската плажа Бондај

Следниот Пост

Осум месеци затвор за поранешниот директор на затворот „Скопје“, Филип Андонов-Сокол