Осум лица починаа како последица на компликации од ковид-19 во изминатите 24 часа, соопшти попладнево Министерството за здравство.
Се работи за лица кои се лекувале во болница и се на возраст од 54 до 85-годишна возраст од Куманово, Охрид, Скопје, Велес, Струмица и Берово.
За првпат, Скопје не е со најголем број починати во еден ден.
Во последните 24 часа се направени 2 161 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи на ковид-19 од кои најмногу во Скопје 179.
Регистрирани се 210 оздравени пациенти.
Со денешните податоци, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.196, а починати е 2.908.
Во моментов активни случаи има 7.654, од кои 3.872 во Скопје.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупно 249 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.