Пукање во Арачиново: Ги нападнале во дворот, тие возвратиле

313

Напад со огнено оружје се случил завчера во скопско Арачиново при што немало повредени лица.

-На 04.02.2021 околу 15,35 часот во СВР Скопје, А.А.(35) од село Арачиново, скопско, пријавил дека додека седел во неговиот двор со Ф.А.(31) од село Арачиново, со патничко моторно возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки поминале Ш.М.(36) и Ш.М., кои пукале кон А.А. и Ф.А., на што истите возвратиле, соопшти МВР.

Повредени лица нема, а оштетено било возилото „форд галакси“ сопственост на Ш.М. и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ф.А.. Се работи на расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестГолема полициска акција во Прилеп, се апсат дилери на дрога, полицајци, менаџери…
Следна вест287 санкционирани возачи во Скопје, 20 за возење под дејство на алкохол