Почнува шестиот Пчеларски саем во Скопје

Шестиот по ред Пчеларски саем на Македонија, ќе се отвори денеска на плоштадот „Македонија“, а ќе трае до недела. Организатор на саемот е Пчеларска Федерација на Македонија, главен покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а домаќин е Градот Скопје.

Пчелари од целата држава на саемот ќе им понудат на посетителите мед, пчелните производи, како и пчеларска опрема.

Од ПФМ ги повикуваат граѓаните да дојдат на плоштадот Македонија и да дегустираат природен, вистински мед, за да препознаат лажен, фалсификуваниот производ.

Претходна вестНОБ со „Боеми“ ја отвора стогодишнината од смртта на композиторот Џакомо Пучини
Следна вестФрлил автоматска пушка со вграден бајонет додека бегал од полицијата