По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција МВР утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на поранешен премиер Никола Груевски.
Според неофицијални информации, Новачевски е приведен за кривично дело перење пари со кои се купувале плацеви на Водно. Обвинителството за перење пари ги сомничи и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.
Во текот на денот се очекува и официјално соопштение од Обвинителството за отворената истрага.