Темно Режим Светло Режим

Приведени пијани возачи, двајца од нив удриле и возила

МВР ловел пијани возачи во изминатото деноноќие. При тоа четворица возачи биле лишени од слобода поради управување на возила под дејство на алкохол. Двајца од нив дури предизвикале и сообраќајни незгоди.

Полициски службеници во Свети Николе лишиле од  слобода 38-годишник кој со патничко возило „тојота“ удрил во две паркирани возила со измерени  1,97 промили алкохол во крвта.

 Во Македонска Каменица пак  полициски службеници  приведоа лице со дури 2,13 промили алкохол во крвта.

 Додека  во Радовиш го лишен е од слобода 55-годишник кој претходно удрил во паркирано возило и го напуштил местото со 1,75 промили алкохол во крвта.

Другото апсење било во Ресен.

По целосно документирање на случаите, против сите четворица ќе бидат поднесени пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Возете насмеано, од денеска се прави последното тестирање на камерите од „Сејф Сити"

Следниот Пост

Франција предлага состанок на Г7, но да бидат присутни и Русија и Данска