Темен режим Режим на светлина

Возете насмеано, од денеска се прави последното тестирање на камерите од „Сејф Сити”

Првпат за еден ден никој не поминал на црвено, ама се уште има многу пијани возачи Првпат за еден ден никој не поминал на црвено, ама се уште има многу пијани возачи

Започна тестирањето, калибрацијата и верификацијата на поставените камери за сообраќаен надзор од „Сејф Сити”. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот и ќе траат до 31 јануари.

Од МВР информираат дека за време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на кои се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.

– Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, да покажат разбирање и трпение, се наведува во соопштението од МВР.

Дали ќе остане најавениот датум за почеток на работење на системот на 1 февруари останува да се види. Еднаш веќе почетокот беше одложен. Инаку, камерите од системот во пробниот период забележаа рекордно опасно брзо возење низ Скопје со што се покажа неопходноста од воведување на Сејф Сити во работа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Сирија тврди дека само 120 припадници на Исламската држава побегнале од притвор, а повеќето повторно ги уапсиле

Следна објава
Со 3,06 промили алкохол навредувал полиција во Велес

Приведени пијани возачи, двајца од нив удриле и возила