Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, не поднел оставка, туку користи боледување поради здравствени проблеми и дека во моментов општината има законски избран заменик-градоначалник кој времено ги извршува надлежностите.
„Поради одредени здравствени проблеми… Иако имаше такви политички глодари кои излегоа и се ситеа на здравствената состојба на тој човек. Јас нема да ги коментирам тие политички глодари“, изјави премиерот кој му посака брзо закрепнување на градоначалникот и рече дека очекува тој наскоро да се врати на функцијата.
Претходно, опозициската СДСМ Карпош обвини дека Лукровски се повлекува од функцијата поради, како што тврдат, несогласувања и сомнежи поврзани со работењето на општината.




