Голема градежна офанзива се одвива со силна динамика во Скопје-Север каде во тек е реконструкција улица Боро Менков, една од најголемите и најзначајните улици во населбата. Првиот крак од улицата е завршен и се работи на вториот крак, а реконструкцијата ќе ги опфати и тротоарите, пешачките патеки како и паралелните паркинзи.
Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски информира дека се реконструира и фасадата на општинското основно училиште “Петар Здравковски – Пенко” во Скопје Север и сите овие проекти чинат 65 милиони денари.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



