Темно Режим Светло Режим

Проданоски: Прилеп го позиционираме како значајна карневалска дестинација во Европа

Денеска беше остварена значајна средба со претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови (FECC), Ларс Алгел од Шведска, и потпретседателот Александар Цицимов, на која се разговараше за унапредување на меѓународната позиција на Прилеп како карневалска дестинација.

Во фокусот на разговорите беа подготовките за Карневалот „Прочка 2026“, со јасна цел манифестацијата да се подигне на повисоко меѓународно ниво, преку зголемена видливост, поголем број учесници и побогата, поатрактивна програма за граѓаните и посетителите од земјата и странство.

Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека Прилеп, со својата долгогодишна традиција, автентичен дух и силна енергија, има потенцијал и заслужува да биде препознаен како град на карневалот, културата и туризмот, со значајно место на европската карневалска мапа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Македонија обезбеди една милијарда евра со најниски каматни стапки во две децении

Следниот Пост

ТИТАН Усје: Неоснованите обвинувања се тенденциозни и не придонесуваат кон изнаоѓање на одржливи решенија