Против Романија е покрената правна постапка од страна на Европската комисија поради кршење на директивите за управување со отпад.
Романија во неколку наврати била предупредувана од страна на ЕК дека има рок до 2017 година да затвори девет нелегални депонии кои не ги исполнуваат европските стандарди, но тоа не се случило. Вакви предупредувања добила и Чешка на која ѝ биле дадени два месеца да го реши проблемот со одлагање на необработен отпад кој требало да биде рециклиран но доколку и таа не го стори тоа, ќе ги има истите последици како и Романија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: