Општина Центар ја зголемува финансиската поддршка за младите семејства и за пензионерите, информираше градоначалникот Горан Герасимовски.
Еднократната парична помош за секое новороденче се зголемуна од 7.000 на 10.000 денари, а еднократната парична помош за пензионерите со ниски примања, од 2.500 на 5.000 денари.
Дополнително, објасни Герасимовски, предвидени се капитални средства за изградба на нова детска градинка во близина на Клиничкиот центар, со капацитет за згрижување на околу 100 деца.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: