Скопјанец возел во спротивна насока на автопатот Тетово-Скопје, стасал до пријава за предизвикување општа опасност

67-годишен возач од Скопје бил уапсен вчера откако со неговиот „Мерцедес“ возел во спротивна насока на автопатот Тетово-Скопје, соопшти полицијата.

-Полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле 67 годишниот В.Т. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека тој со неговото возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички, на автопатот Тетово-Скопје се движел во спротивен правец, од наплатната станица Тетово кон наплатната станица Желино, при што предизвикал општа опасност во сообраќајот, пишува во полициското соопштение.

-Тој е задржан во полициска станица и по документирањето на случајот против него ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.

 

Претходна вестМицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
Следна вестВо прилепските градинки секое второ дете има проблеми со говорот и изговарањето на Р, Л, Ш, Ж, С, З…