Темно Режим Светло Режим

Скопјанка нападната од вработен на пулмологија

Во попладневните часови на 6 ноември во скопската полиција било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, на Клиниката за пулмологија, бил нарушен јавниот јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Т.С.(47) и А.Р.(21).

Покрај тоа, речиси во истото време, 46-годишната скопјанка А.Р. пријавила дека околу 12.45 часот на Клиниката за пулмологија, по вербална расправија со вработен во клиниката, била физички нападната од негова страна.

Advertisement

Полициски службеници излегле на местото на настанот, сочинети се записници и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Сe повеќе слушам од мои пријатели дека воопшто не гледаат телевизија

Следниот Пост

Тешко повреден полицаец на патот Радовиш – Штип