За еден ден санкционирани 268 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.11.2020) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 268 мерки, меѓу кои 36 за возење без возачка дозвола, 28 санкции за нерегистрирани возила, 16 мерки за возење под дејство на алкохол, 12 за незастанување на затворен семафор (црвено светло), 21 мерка за некористење на сигурносен појас, а изречени се и 54 мерки за непрописно паркирани возила.

Претходна вестПочнува враќањето на пари од „Викенд без ДДВ“, над 200 илјади граѓани ќе добијат околу 1 милион евра
Следна вест283 казни поради неносење на маска