Темно Режим Светло Режим

Скопје и денеска меѓу најзагадените градови во светот

Главниот град на Македонија утрово се најде на седмото место меѓу најзагадените градови во светот, со индекс од 152, што укажува на опасни концентрации на штетни честички во воздухот.

Скопје, според листата на IQAir е рангиран како петти најзагаден град во светот заедно со  Лахор (Пакистан) Њу Делхи (Индија) и Багдад (Ирак), кои се познати по сериозни проблеми со квалитетот на воздухот.

Покрај Скопје, високи нивоа на загадување се регистрирани и во Гостивар, Тетово, Кичево, Струмица и Велес.

Advertisement

Македонската метропола и во изминативе денови беше меѓу најзагадените градови во светот.

Како одговор на алармантното загадување, Владата најавува акционен план кој вклучува конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, меѓу кои најважниот проект е гасификацијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

ПФМЛ: Вардар славеше во дербито со Шкупи, Работнички го загуби врвот

Следниот Пост

Почина Јанис Бутарис поранешниот градоначалник на Солун, имаше потекло од Крушево