И утринава продолжи прекумерната загаденост на воздухот во македонската метропола. Според податоците на интерент мрежата IQAir Скоје утринава е меѓу десетте најзагадени градови во светот според концентрациите на штетните честички измерени во воздухот.
Околу 10 часот Скопје беше ранхирано на осмото место меѓу светските метрополи со измерениот индекс од 146 микрограми штетни честички. Концентрацијата на ПМ 2,5 честички беше 53,8 микрограми, а на ПМ 10 69 микрограми.
Податоците покажуваат дека дури за десет е прекумерна концентрацијата на ПМ 2,5 честички. Ова повлекува предупредување дека воздухот е нездрав за сензитивните групи граѓани.