Темно Режим Светло Режим

Собранието чека гаранции од ЕУ за уставни измени

Претседателот на Собранието Африм Гашу денеска изјави дека во законодавниот дом има две третини за изгласување на уставните измени, но до такво гласање нема да дојде додека не добиеме гаранции од ЕУ дека ќе нема нови вета од Бугарија.

-Не треба да работиме на обезбедување на двотретинско мнозинство за уставните измени кои се услов за продолжување на преговорите со ЕУ, затоа што ние веќе имаме двотретинско мнозинство во Собранието, туку работиме на добивање гаранции од ЕУ дека ќе нема нови вета од Бугарија, рече Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

Тој не знае кога би можел да почне процесот за уставните измени. А коментирајќи ја вчерашната изјава на еврокомесарката за проширување Марта Кос дека очекува Македонија да го промени Уставот „ништо повеќе и ништо помалку“, Гаши рече:

-Нам ни треба политички сигнал од политичкото мнозинство дека имаме гаранции дека нема да се бара повторно менување на Уставот за идентитетските и историските прашања. Ова е ставот на политичкото мнозинството ѝ е познат во јавноста, нагласи тој.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници, меѓу нив и малолетно дете

Следниот Пост

Изградил хотел во Скопската чаршија без одобрение за градење, доби обвинение