Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека сообраќајот на државните патишта во западниот дел од државата се одвива претежно по влажни коловози, а во источниот дел по суви коловози.
Внимателно возење се препорачува низ котлините, речните долини и клисурите каде има можност за појава од одрони.avt
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна утринава нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15 ноември започна и законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, снег паѓа во Крушево, а слаб снег провејува во Петровец и Тетово, додека засилен ветер дува во Штип. Од ноќва се очекува умерен, а долж Повардарието засиелн северен ветер кој ќе надминува и брзина од 70 километри на час.