Темен режим Режим на светлина

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ, заедно со градоначалничката којашто тие ја промовираа како најголема менаџерка.

Скопјани се жртви на нивната неспособност и меѓусебни пресметки, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Истот тој Мицкоски, кој ветуваше модерно Скопје и бесплатен јавен превоз со најголемата менаџерка го слушаме со нови најави за автобуси.

Ова е такво поигрување со граѓаните, такво потценување на интелигенцијата на скопјани, што е невидено безобразно.Видовме ветувањата на Мицкоски за автобуси и за бесплатен превоз како завршија, секој ден гледаат и граѓаните и студентите и учениците кои не можат автобус да начекаат.

Скопје е во тотален хаос и нефункционалност, воопшто нема автобуси. Колабиран е јавниот превоз, многу е лоша состојбата во ЈСП. Наместо нови лаги со честичката „ќе“ Мицкоски да ја преземе одговорноста, да им се извини на граѓаните и конечно да почне нешто да работи за Скопје и за скопјани, рече Кузеска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Запалено возилото на претседателот на СДСМ – Кривогаштани

Следна објава

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците