Темен режим Режим на светлина

Загружувачки податоци за сексуални насилства во цела Европа, во Македонија во 2024 година регистрирани 131 случај

Повторно скопски насилник ја претепал својата сопруга, и се заканувал и со оружје Повторно скопски насилник ја претепал својата сопруга, и се заканувал и со оружје

Во Македонија во 2024 година се регистрирани 131 случај на сексуално насилство, од кои 31 се кривично дело силување. Во претходните години најмалку кривични дела имало во 2019 – 87, а најмногу 151 регистриран случај во 2013 година, покажуваат податоците објавени од Евростат за сексуално насилство во европските земји.

Во земјите од Европската Унија во 2024 година, полицијата евидентирала 256.302 кривични дела поврзани со сексуално насилство, меѓу кои 98.190 или 38 отсто биле кривични дела силување и најголем дел од нив се случиле во Франција и во Германија.

Податоците покажуваат тренд на пораст кај двата вида кривични дела во последната деценија, а во регионот најмногу регистрирани случаи на сексуално насилство има во Грција, потоа во Хрватска, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина, a најмалку во Црна Гора и Албанија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Муцунски се огласи по ескалацијата: Македонија стои зад американските сојузници

Нема подготвеност за уставни измени во овој момент, дециден е министерот Муцунски