Советот на Европа: Бугарија не треба да забранува регистрација на македонски здруженија

Во Бугарија не треба да им се забранува да се регистрираат македонските здруженија поради нивните цели, бидејќи тоа е спротивно на пресудите на Европскиот суд во овие случаи, став е на Советот на Европа.

Во соопштението кое е објавено на интернет-страницата на Советот, бугарската влада се повикува да ги продолжи своите напори за подигање на свеста дека на здруженијата чија цел е признавањето на македонското малцинство во Бугарија.

-Таквите здруженија не треба да бидат предмет на постапки за распуштање по слична основа, се наведува во соопштението.

За оваа одлука Комитетот на министрите на Советот на Европа се повикува на член 46 од Конвенцијата за заштита на основните човекови права и слободи.

Македонски организации од Бугарија, против одлуките на бугарските власти да го забрануваат делувањето на овие здруженија, досега до Советот на Европа имаат поднесено повеќе жалби.

Претходна вестФилипче по итниот состанок: За викендот ќе се знае дали и какви мерки ќе се воведат
Следна вестОд отворањето на градинките со вирусот се заразиле 9 деца и 13 вработени