Велосипедска патека, убаво, но до каде е Законот за Водно?

Ако сакате да одите на Водно со велосипед, од денеска можете тоа да го правите по новата нагорна пионерска патека на Водно, која е дел од проектот „Велосипедски парк Водно“. По тој повод денеска се организира и натпревар од страна на иницијативата „Прв до врв“.

Убава вест. Конечно нешто убаво да му се случи на Водно. Но тоа не може да ги „испере“ досегашните уништувања на планината, почнувајќи од директно загадување од граѓаните фрлање отпад насекаде во парк-шумата, па се до последните информации за цела населба што треба да никне на местата на уништената природа.

-Времето минува, специјален закон за Водно не се ни разгледува. Си тече процедура на носење си некакви акти со кои ќе се намалат заштитните граници и ќе се овозможи градба каде досега не можело, пишаа пред една седмица на својата страница на Фејсбук од организацијата „Го сакам Водно“.

По овој аларм ниеден надлежен не даде јасно и прецизно објаснување што се случува. Има само нови најави дека Водно ќе се пошумувало.

Претходна вестСе утврди дека СЈО незаконски си поделило 4,6 милиони евра и сега што понатаму?
Следна вестДо 10 октомври 75 години Остен низ фотографиите изложени во Чифте амам и галеријата Остен