СЗДСМ: Да се обезбедат сензори за континуирано мерење гликемии и инсулински пумпи за лицата со дијабетес

Сојуз на здруженија на лица со дијабетес на Македонија (СЗДСМ) ги повикува сите пратеници во Собранието, како и креаторите на здравствените политики во Владата, да му дадат приоритет на здравјето на над 3.500 граѓани кои живеат со тип 1 дијабетес (Т1Д) во РС Македонија, како и на околу 2.000 лица со тип 2 дијабет (Т2Д) со здравствени компликации од високите нивоа на шеќер во крвта.

Сојузот ги повикува сите парламентарни групи и пратеници во Собранието на Р.С. Македонија, да ги усвои амандманите за одвојување на дополнителни средства за набавка на сензори за континуирано мерење на гликемии (CGM), како и за инсулински пумпи за да се осигура дека секое лице со T1Д и Т2Д со компликации има пристап до новите технологии кои спасуваат животи.

-Северна Македонија се соочува со предизвици во грижата за дијабетесот, вклучително и ограничен пристап до современи помагала за следење на вредностите на шеќерот во крвта, како и до соодветни третмани. CGM сензорите и инсулинските пумпи се критично важни за управување со дијабетесот. Во моментов се обезбедуваат CGM сензори за само 18.5% од вкупниот број на лица со тип 1 дијабетес и за само 6 отсто од Т1Д има обезбедено инсулински пумпи. Ова остава илјадници пациенти со тип 1 дијабетес и со тип 2 дијабетес со компликации да не можат да имаат корист од благодетите на овие нови технологии. Ако се направи т.н Cost-Benefit анализа (Анализа на трошоците во однос на придобивките) за обезбедување CGM сензори за лица со дијабетес тип 1 и за лицата со тип 2 дијабетес со компликации, ќе се заклучи дека долгорочните финансиски придобивки од користење на CGM сензорите ја надминува повеќекратно почетната инвестиција во смисла на подобрени здравствени резултати и намалени вкупни трошоци за здравствена заштита, велат од Сојуз на здруженија на лица со дијабетес на Македонија.

Претходна вестПремиера на претставата „12“ посветена на Мирко Попов вечерва во МНТ
Следна вестПалевски должел 15.000 евра, ден по убиството на Вања поправал котел за парно кај пријател