Темно Режим Светло Режим

Тепачка со остри предмети во магацин кај Крушопек, полицијата интервенирала

Вчера околу 21 часот, во скопското село Крушопек, полициски службеници од СВР Скопје привеле четири лица по пријава за насилен инцидент што се случил во дворот на магацин во селото Лака.

Од слобода биле лишени И.Д. (30), А.Д. (36), Б.Д. (65) и Н.Д. (42), сите жители на Крушопек. Според пријавата, тие физички ги нападнале М.Н. (50) од истото село, неговиот брат и неговиот син, при што биле користени и остри предмети.

Во полициското соопштение се наведува дека нападнатите лица возвратиле на нападот, по што бил повикан полициски тим кој интервенирал на местото на настанот.

Advertisement

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Вардар се засили со Поповски

Следниот Пост

САД на чекор до напад врз Иран, тврдат европски и израелски извори