Темно Режим Светло Режим

Томовски: Поразот од Данска нека ни биде поука за Португалија

Голманот на македонската ракометна репрезентација Мартин Томовски изјави дека селекцијата на Данска максимално ги казнила техничките грешки на Македонија, што резултираше со убедлив пораз од 24-36 на стартот на Европското првенство во ракомет.

„Иако Данска е најквалитетната репрезентација, ние излеговме со максимален ангажман. Почетните технички грешки нè чинеа многу, а ваков противник знае веднаш да ги искористи“, истакна Томовски.

Тој додаде дека натпреварот може да послужи како важна лекција пред дуелот со Португалија, кој следува в недела.

„Ова е добра поука за нас. Треба детално да анализираме, да ги исправиме грешките и да ја зацврстиме одбраната. Против Португалија мора да одиме на сè или ништо. И тие играат брзо, но имаат слабости кои ги анализиравме. Верувам дека ќе прикажеме подобра игра и ќе се бориме за позитивен резултат“, додаде македонскиот голман.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Фиорентина се прости од својот претседател Роко Комисо

Следниот Пост

Подобра инфраструктура и енергетска ефикасност - приоритет на Општина Битола