Темно Режим Светло Режим

Три лица тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје

На 09.11.2024 во 21.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопато Куманово-Скопје, во близина на наплатна станица „Романовце“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.И.(47) од Куманово и товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(60) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.И. од возилото „шкода“, а со телесни повреди се здобиле возачот А.И и уште еден сопатник Ј.И. од истото возило, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Аеродром

Следниот Пост

ССМ: Недела е неработен ден и точка!