Темно Режим Светло Режим

Упорноста на превозниците вроди со под, ЕУ ќе ги прифати како професионалци

Упорноста и решителноста на камионџиите вроди со плод. Од ЕУ стигнаа пораки дека ќе се поправа грешката која сами ја наметнаа на превозниците. Имено, официјален Брисел во својата нова стратегија за визи се осврнува и на оваа прашање.

-Предлагаме да разгледаме поголема флексибилност за нив, секако без да се загрози безбедноста, изјави потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет и безбедност, Хена Виркунен.

ЕУ ги прифаќа возачите на камиони како професионалци со што се решава проблемот на превозниците, објави денеска и македонскиот министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Advertisement

-Само што добив одлични вести од Брисел. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме, истакна Николовски.

Сето ова се случи на четвртиот ден, од блокадите на сите гранични премини на Македонија со Бугарија и Грција од страна на камионџиите.

Македонските превозници, но и нивните колеги од целиот Западен Балкан не се откажуваа од намерата да се исправи неправдата што им ја нанесува Брисел третирајки ги како туристи или мигранти кои веќе почна и да ги депортира од Унијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Мицкоски: Нема уставни измени без да се исполнат најмалку два услова

Следниот Пост

Крај на блокадите на граничните премини, товарниот сообраќај се нормализира од 20 часот