Од недела, 1 февруари системот „Сејф Сити” ќе почне да дели казни. Возачите имаат уште два дена да повежбаат посмирено, попитомо возење и почитување на знаците и семафорите. Кој нема да успее во тоа ќе мора да се фаќа за паричникот.
Казните не се симболични, напротив ќе болат и ќе доаѓаат автоматски кога ќе се направи прекршок. Ќе се санкционира секое пречекорување на пропишаната брзина, поминување на црвено, непрописно паркирање и возење на нерегистрирано возило. Под лупа на камерите ќе бидат многу сообраќајници.
Целта на активирање на овој систем е да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се намалат високите бројки на загинати и повредени лица во сообраќајни несреќи.
Од МВР апелираат на внимателно возење, а и ги потсетува граѓаните дека можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.