Темно Режим Светло Режим

(Видео) Ова со ѓубрето во Скопје станува кризна состојба, можеби треба да реагира и централната власт

Ѓубрето и денеска е главната слика од Скопје. Ако и понатака вака биде игнориран проблемот од надлежните, сметот целосно ќе ги покрие улиците, па скопјани не ќе може ниту да го заобиколуваат туку ќе мора да одат по него.

Состојбата е алармантна. Особено што се поочигледно е дека градската управа и ЈП „Комунална хигиена” не се ни трудат нешто посебно за да се подиспразнат одамна прелеаните контејнери.

Ова почнува да биде опасно и по здравјето на скопјани. Ако градоначалничката и претпријатието не си ја вршат работата, мора да реагираат другите институции, па дури и Владата, напишал скопјанец на социјалните мрежи.

Ова не ли е веќе кризна состојба во Скопје? Зошто не се прогласи како таква и централните институции да преземат акции ситуацијата да се санира, прашува друг скопјанец.
Инаку скопјани очекуваат и поголема акција од самите општини иако тоа не им е во описот на работни задачи. Сега е време – невреме, мора да си ги подзачистат општините инаку од ѓубре не ќе може да ги видиме и високите билборди на кандидатите за градоначалници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Oколу 120 населби блокирани од поплави во Mексико, загинале 76 луѓе

Следниот Пост

Анализа на Прва Скопска ТВ: Во која скопска општина ќе биде извесно, а каде ќе „гори“ во вториот изборен круг?