Темно Режим Светло Режим

Владата најавува посилна заштита на слободата на изразување

На денешната владина седница беа донесени повеќе важни одлуки кои, според Владата, претставуваат јасна потврда за континуираната посветеност кон европската интеграција на државата, како и кон заштитата на јавниот интерес и демократските принципи.

Како што беше истакнато, со денешните чекори Владата прави значаен исчекор во насока на зајакнување на слободата на изразување и унапредување на јавниот дијалог. Една од клучните одлуки е формирањето работна група која ќе работи на воспоставување механизам за заштита од злоупотребата на таканаречените стратешки тужби против јавното учество, прашање на кое новинарите и медиумската заедница со години укажуваат.

Од Владата оценуваат дека оваа одлука претставува конкретен сигнал за подготвеност да се одговори на суштински општествени предизвици, со проактивен и одговорен пристап.

Advertisement

Покрај ова, на седницата беше усвоен и Законот за органско земјоделско производство, со кој се прави значаен чекор кон поддршка на малите земјоделски производители. Новото законско решение предвидува поедноставена постапка за сертификација, преку намалување на трошоците за инспекција и сертификација, што треба директно да влијае врз подобрување на конкурентноста на органските производи на пазарот.

Истовремено, се унапредува и законската рамка, со појасни и попрецизни одредби, целосно усогласени со европските стандарди, со што се исполнува уште една обврска од процесот на пристапување во Европската Унија.

Ова го соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Коњановски изврши увид во изградбата на новата улица во Старата касарна

Следниот Пост

Синдикатот на новинари со поддршка за протестот за минимална плата