Во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 65 пациенти заразени од вирусот

Во ковид центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализирани 65 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 459 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

-На интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, шест во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, исто толку пациенти се примени на Клиниката за нефрологија, четворица болени се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, а еден во новоотворениот центар на Клиниката за очни болести. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 28 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 17 лица, се наведува во соопштението.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 52 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 24 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, а на Клиниката за очни болести еден пациент

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 100 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 9 деца и 31 возрасни.

Вкупно 459 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Претходна вестTешко повредена 54-годишна жена, излетала со возилото од патот
Следна вестГрадоначалникот на Центар и рускиот амбасадор засадија дрва во „Паркот на сеќавањата“ за жртвите од фашизмот