Темно Режим Светло Режим

Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отворена

Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно ќе биде отворена за посетители откако во октомври беше потврден случај на птичји грип.

– Ве известуваме дека од оваа сабота (09.11.2024) Зоолошка градина на Град Скопје повторно ќе биде отворена за посетители со редовно работно време од 09:00-16:00 секој ден. Да уживаме заедно во убавите есенски и сончеви денови, ве очекуваме, стои во објавата на Фејсбук.

ЗОО Скопје беше затворена за посетители откако беше потврден случај на птичји грип. Беше спроведен надзор и хумано убивање на 24 патки, шест гуски, пет кокошки и една чавка. Беа наредени мерки за дезинфекција, испитување на другите птици присутни во Зоолошката градина за присуство на вирусот, зголемување на биосигурносните мерки и други мерки, со цел сузбивање на болеста и  спречување на нејзино ширење надвор од Зоолошката градина кај животните и кај луѓето.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Првпат во државава дијагностицирана ретката болест фабри од која боледуваат седум членови на едно семејство

Следниот Пост

Сончево со мала до умерена облачност