„Амазон“ планира да отпушти околу 10.000 вработени на корпоративни и технолошки позиции почнувајќи од оваа недела, изјави извор за Ројтерс. Ова би претставувало најголемо намалување на бројот на вработени во компанијата до сега.
Намалувањето, претходно објавено од „Њујорк Тајмс“, би претставувало околу три отсто од работната сила на „Амазон“. Точниот број може да варира бидејќи компаниите во фирмата на Џеф Безос ги преоценуваат своите приоритети, изјави изворот за Ројтерс.
Најголемиот онлајн трговец на мало планира да ги елиминира работните места во својата организација на уреди, која ја прави „Alexa“, гаџети и камери за домашна безбедност со гласовна контрола, како и во нејзините човечки ресурси и одделенијата за малопродажба, вели изворот.
Временската рамка на „Амазон“ за информирање на персоналот останува нејасна.
Само минатата недела од „Мета“ изјавија дека ќе отпуштат повеќе од 11.000 вработени, или 13 отсто од својата работна сила, за да ги спречи зголемените трошоци.
Компанијата со седиште во Сиетл предвидува забавување на растот на продажбата, и покрај типично профитабилната празнична сезона.
Говорејќи пред новинарите минатиот месец, главниот финансиски директор Брајан Олсавски рече дека компанијата гледа знаци на намалување на буџетите на домаќинствата и продолжува да се бори со високата инфлација и трошоците за енергија.
Оттогаш објави дека ќе го замрзне вработувањето на неколку месеци.
Единицата за уреди на „Амазон“ забележа годишна оперативна загуба од повеќе од 5 милијарди долари во последниве години, објави „Wall Street Journal“ минатата недела.
Акциите на „Амазон“ изгубија повеќе од 40 отсто од вредноста оваа година. Тие беа намалени за 1,1 отсто на 99,67 долари во понеделникот попладне.
Инаку пред неколку недели работници почна да отпушта друг милјардер – Илон Маск кој најпрвен ги отпушти директорите од ново превземената компанија Твитер.