Им вратил чек од четири милиони фунти на „Харибо“, го наградиле со 6 пакетчиња гумени бонбони

Триесет и осумгодишниот Ануар Г. од Франкфурт, Германија, го забележал изгубениот чек на перон, заминувајќи од посета на неговата мајка. Тој изјавил дека го видел чекот како лебди на земјата и го земал, пренесе „Independent.co.uk“.

Чекот бил наменет за компанијата Харибо, позната по производство на гумени бонбони, а наводно бил издаден од ланецот супермаркети „Реве“, но некако се изгубил.

„Вредеше толку многу, што сумата не можев ни да ја изговорам“, раскажува Ануар.

Овој Германец стапил во контакт со компанијата Харибо и еден од адвокатите му одговорил на повикот. Меѓутоа, од него не било побарано да го врати чекот. Наместо тоа, тие побарале да го уништи и да им испрати фотографија како доказ дека го сторил тоа.

Ануар направи како што му било кажано, а неколку дена подоцна добил гест на благодарност од германската фирма. Му дале кутија со бонбони во која имало шест кесички.

Германецот изјавил дека не бил многу импресиониран од наградата бидејќи ѝ помогнал на компанијата да не ги загуби милионите: „Мислам дека ова е премалку“.

Од „Харибо“ објасниле дека нивниот гест на благодарност е стандардна практика на компанијата.

„Тоа е нашиот стандарден пакет што го испраќаме како благодарност. Бидејќи чекот беше адресиран за нас, никој освен нашата компанија не може да го реализира“, објасиле тие.

Претходна вестБалетската претстава „Пепелашка“ вечер премиерно во НОБ
Следна вестСДСМ: Вистински паразит е Мицкоски, за две години земал 50.000 евра од граѓаните