Сончево и топло време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Само на југоистокот ќе се задржи постабилно со изолирана појава на пороен дожд со грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за краткотарен пороен дожд во делови од котлината, ретки грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.

 

Претходна вестКомити: ФК Вардар доби поддршка од 12 општини, никаде ја нема Данела Арсовска
Следна вестНеделен возен ред поради Духовден, жичницата ќе работи вообичаено