Уапсен млад скопјанец кој преку гласовни пораки му се заканувал на сограѓанин

Полицијата вчера уапси 24-годишен скопјанец кој се заканувал на 56-годишен сограѓанин преку гласовни пораки.

– На 01.06.2023 во 16.15 часот во Скопје, по преземени мерки и активности од полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје, бил лишен од слобода А.И.(24) од Скопје. Тој бил пријавен околу 13.00 часот од 56-годишен скопјанец дека преку мобилна апликација му упатил гласовни пораки со заканувачка содржина, соопшти полицијата.

Во координација со Јавен обвинител лицето било приведено и задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок, поради основано сомнение дека сторил кривично дело по чл.144 ст.4 од Кривичниот законик.

Претходна вестПродолжен притворот на таткото на Коста
Следна вестПриведен 18-годишник од Битола, кај кого е пронајден кокаин